Ресторан & Бар

Уживајте во вашиот престој
и модерната кујна

Воодушевувачки почеток на еедно прекрасно гастрономско доживување. Без разлика дали сте гостин во хотелот или сте гостин на свадба,
нашите шефови приготвуваат врвни кулинарски специјалитети кои ги стимулираат сите Ваши сетила.

Распоредот, големината и местоположбата на хотелот овозможува локации за секој тип на гости и во секоја сезона:/p>


Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот,
располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро.


Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели,
смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови.

Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа.
Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот.

Главен Ресторан

Со капацитет од 500 седишта во софистициран банкет стил, главнот ресторан нуди интернационална храна и тематски вечери за гостите од хотелот сервирани во бифе стил.

Национален Ресторан Струшки Кепенци

Во градината на хотелот се наоѓа националниот ресторан Струшки Кепенци кој е а ла карт ресторан. Кујната на ресторанот изобилува со модерни специјалитети приготвени со локални продукти, кои ќе ви овозможат да ја почувствувате уникатноста на македонската традиција.

Со капацитет од 100 седишта во кепенците, но и до 500 седишта во останатиот дел од градината, ресторанот нуди релаксирачка, интимна атмосфера за топлите летни ноќи.

Menu lobby bar - food menu

Food Menu

Menu lobby bar - beverages menu

Beverages Menu

Lets be friends, Join our newsletter